Изминуваат 3 години откако Заев стисна на копчето ПАУЗА на економскиот просперитет на Гевгелија.

3 години во кои од местоположбата на Гевгелија профит имаат само шверцерите на мигранти, градоначалникот и Заевите следбеници.

Од фамозните филмски сцени на трите чарлиеви ангели, гевгелиската ангелка на Заев заврши најнеславно. Најскапата патарина за да дојдат на клинички преглед во Скопје ја плаќаат гевгеличани. ​ Ниту една инвестиција која ќе овозможи поодржлив економски развој на гевгеличани нема. Градот, кој беше најпосакувано место за живеење во Македонија денес е само зафрлено погранично место.

Најисплатливото занимање веќе одамна не е ниту угостителскиот ниту земјоделскиот сектор туку шверцот на мигранти. Замислете каков срам за гевгеличани е фактот што пред очи на сите странски полицајци кои дошле да ни ја чуваат границата, нашите локални шерифи, кои патем од прв до последен се истурени кадри на СДСМ, истата граница ја сметаат за швајцарско сирење да протнат се што нуди мито. Доаѓа обнова на Македонија и одговорност. Ниту еден државен службеник кој работи чесно и одговорно не треба да стравува за сопствената кариера. Останатите нека размислат дали се исплати слугувањето на Заеви.