Сексизмот, навредите и говорот на омраза организирани од СДСМ, упатени кон мене го покажува понижувачкиот однос на Зоран Заев и ова раководство на СДСМ кон жените и женските права.
Македонија ја направија држава каде е срамно да се појавиш на спот, а не е срамно да рекетираш пари, каде е срамно да ја кажеш вистината, а не е срамно власта да соработува со криминалци.
Токму затоа многу млади луѓе си одат од земјата, а јас после ова сум уште похрабра, поодлучна и помотивирана да го дадам својот допринес за уривање на оваа ненародна и недемократска власт, која ги потценува и деградира жените.
Почитувани,
Веднаш откако излезе видеото во кое во една улога се појавувам јас, СДСМ се впушти во организиран напад, кон мене како жена, со крајно вулгарен и недоличен речник, сакајќи да ја ме дискредитираат.
Нападите кон жената се израз на немоќ, страв од пораз на хибридниот режим. Додека ВМРО-ДПМНЕ нуди нови лица, млади и без багаж од минатото, тие на листите имаат луѓе кои се во политиката и по 3 децении и немаат направени ништо за Македонија.
Сликата која е полна со сексизам, говор на омраза и навреди за жал е сликата за власта во заминување. Понижувачкиот однос кон жената е срамно дело на Зоран Заев и навреда за сите жени во државата.
Тамара Михајловска, кандидат за пратеник од изборна единица 1