Државната изборна комисија денеска со почеток во 14:30 часот ќе одржи јавна седница.

Се очекува на седницата да бидат донесени задолжителни препораки за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 што ќе произлезат од протоколите доставени до ДИК од Комисијата за заштитни болести.

Членовите на ДИК ќе решаваат и по неколку приговори за непочитување на кампањата поднесени од коалицијата „Можеме“ и коалицијата „Обнова за Македонија“.