Носителот на изборната единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својата фејсбук страна објави промотивен видео спот во кој тој испраќа порака дека кампањата која ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува ги опфаќа сите категории на граѓани кои живеат во Македонија.
- Нашата кампања е за сите, за Македонија!
Нашата кампања е за земјоделците, за работниците, за младите на кои им треба иднина, за пензионерите на кои им треба достоинство. Нашата кампања е за оние со распукани раце и солзи во очите заради судбината која ја снајде Македонија.
Нашата кампања е за младите да останат дома, а не да ја бараат иднината на печалба во Швајцарија или Германија.
Нашата кампања е за повисоки плати на работниците, повеќе можности и помалку бирократија за малиот и средниот бизнис.
Нашата кампања е за онеправданите и прегазените.
#ИсправиСеМакедонијо #ОдбериОбнова, пишува Николоски.
*ППР