Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и носител на пратеничката листа во изборната единица 4. Александар Николоски денеска доби поддршка од поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Николоски беше во посета на Валандово а таму заедно го испија и првото утринско кафе.

- Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала.

Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија.

Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд.

Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија!, напиша Николоски.