Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ три години се закопани во корупција и криминал.

За три години Заев и Спасовски наместо да диригираат во судството требаше да ја остават оваа трета независна власт да работи самостојно и според законите и Уставот.

Заев и Спасовски наместо тоа беа дел од корупцијата, криминалот. Оваа власт е синоним за Луи Вутон куферчиња, трас-трас судство и ништо повеќе.

По три години власт Спасовски вели ќе се одговарало. Каде беше Спасовски до сега? Знае ли што му се случува во државата или само знае до каде е реализацијата на неговите лични интереси, интересите на Заев и семејството.

СДСМ се што ветија излажаа, се што фатија уништија.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази.

Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ