Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ денеска му „упадна“ на прес-конференција на министерот за надворешни работи и носител на изборната единица 1 Никола Димитров.

Додека Димитров даваше изјава за Законот за ЈО кој од денес стапува на сила Стоилковски го праша дали ќе побара од Обвинителството да се испита содржината на снимката објавена на Јутјуб меѓу црногорскиот бизнимен Миодраг Давидовиќ и Зоран Милески Кичеец.

Во продолжение видео од „упадот“ на Стоилковски.