Гостувајќи во емисијата „Само вистина“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изнесе ексклузивни информации во врска со примањата на директорот на државната фирма Тутунски комбинат.

Николоски објави дека тој кој е на некој начин владин функционер, зема месечна плата околу 3.000 евра додека тутунарите мака мачат да заработат финансиски средства за да можат да преживеат.

- Директорот на тутунски комбинат кој е во државна сопственост зема 210.000 плата. Тоа заедно со придонесите е околу 5.500 евра. За споредба една фамилија на пример од Прилеп која се занимава со тутунарство за една година заработува околу 7-8.000 евра. За да ги заработат тие средства тие се мачат во текот на целата година, работат од утро до ноќ, а еден владин претставник ги зема тие пари за месец и пол седење во удобни фотелји, истакна Николоски.

Николоски заклучи дека ова што сега се случува е невиден апашлук од страна на власта.

*ППР