Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 4 во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 на емисијата „Само вистина“ истакна дека поради исклучително нискиот рејтинг на власта особено во изборната единица 4, тие се решиле да ангажираат ПР агенција од Белград која мислат дека ќе им помогне во освојување на гласови.

- СДСМ ангажирале ПР агенција од Белград да им ги решава проблемите во четвртата изборна единица. Но имаат два проблеми, таа ПР агенција дошла во Скопје, а Скопје е во единицата не е во четворката. Второ ПР агенции на полињата и нивите во Прилеп, Струмица, Гевгелија, Валандово, Стојаково не поминуваат. Таму поминува искрен и чесен збор.