Генералниот секретар на ДПА и шеф на Централниот изборен штаб Сали Ајдини оствари средба со претставници на мисијата ОБСЕ-ОДИХР во Република Македонија, соопштија од партијата. Мисијата на ОДИХР ја следи предизборната кампања.

-На средбата се разговараше за текот на на кампањата, регулативите и прогнозите. Од состанокот заклучуваме дека приоритет е да се почитуваат препораките на здравствените институции и изборите да бидат слободни и демократски, потенцираат од Демократската партија на Албанците во соопштението до јавноста.

На средбата се разговарало и за денот на гласањето, кој ќе го следи мисијата ОБСЕ-ОДИХР.