Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирано спроведување на реформи насочени кон подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка. Овој тип реформи и рангирање испраќаат силен сигнал до потенцијалните странски инвеститори за земање предвид на нашата држава како следна дестинација за бизнис-инвестиција и отворање на нови работни места. Ефектот е значително посилен кога земјата е рангирана во самиот врв, бидејќи тоа ја зголемува веројатноста Македонија да биде разгледана како можна дестинација за инвестирање.
Новата влада системски ќе го следи развојот на рангирањето и ефикасно ќе спроведува реформи кон олеснување на постапките за отпочнување на бизнис и за добивање на градежни дозволи, поедноставување и намалување на времетраењето на процедурите за добивање на пристап до електрична енергија и регистрирање на имот, олеснување и модернизација на процедурите за пристап до кредити, јакнење на заштитата на малцинските акционери во акционерските друштва и помалите содружници во друштвата со ограничена одговорност, скратување на времетраењето и унапредување на системите за плаќање на даноци, унапредување на условите и системите за прекугранично тргување, олеснување на процедурите за спроведување на договори и решавање на несолвентност.
Рок: 2022 година.
*ППР