Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со жителите од Тетово, а во рамките на кампањата "Исправи се Македонијо одбери обнова", порача дека на 15-ти јули народот масовно ќе излезе и СДСМ и Зоран Заев ќе ги испрати во политичка пензија.

Ова не е обична изборна трка, рече Мицкоски, ова е избор за иднината. Затоа ова не се обични парламентарни избори на кои треба само да одбереме политичари кои ќе ни кажат нешто, и ќе си заминат. Не. Овој пат овие избори се избор на концепти.

-За само 30 месеци ние ги победивме СДСМ и Зоран Заев и дојдовме до предвремени парламентарни избори. А за помалку од две недели од денес, секој од вас без разлика од етничката припадност ќе има можност да одлучи и да избере каква Македонија сака да види. За каков концепт во иднина треба да работиме. За помалку од две недели ќе го победиме СДСМ и Зоран Заев и потоа ќе ги засукаме ракавите и ќе си ја обновиме татковината. Затоа треба да прашаме што можеме ние да направиме за татковината, а не што татковината може да направи за нас. Затоа не 15-ти јули треба да се запрашаме за каков концепт сме. Ова е надпартиска, наднационална и надрелигиjска битка. Ова е избор за иднината на нашите семејства, рече од говорницата Мицкоски.

Замислете денеска кога 15-тина го загубија својот живот, а дополнителни 100-тици се инфицирани, денеска СДСМ прават промотивен спот за здравјето на граѓаните, тераат политичка кампања и ни кажуваат во очи не гледаат и не лажат овие политички измамници дека се справиле добро со вирусот, рече Мицкоски.

- Нека ги прашаат тие што поминаа низ тоа, еве нека ги прашаат моите родители низ што поминаа додека се бореа против оваа пандемија. Денеска кога имаме рекорд на починати тие излагаат со спот дека добро се справиле со пандемијата. Затоа не 15-ти јули ве повикувам масовно да излеземе и да ги испратиме во политичка пензија овие политички измамници. Ја втурнаа Македонија во мочуриште, па уште тука во Тетово доаѓаат и со раката на срце и главата малце навалена и тогаш започнува стихотворбата за жицата, за семето, и нормално десетици нови ветувања и лаги, мислејќи дека народот е наивен. Но, народот не е наивен и овој пат нема да им поверува. Нудат пакети, нудат и други работи но, народот овој пат е решен масовно да ја поддржат обновата, порача Мицкоски. А, потоа правда ќе има и сите ќе одговараат од прв до последен, рече Мицкоски.

-Никогаш нема да заборавиме како поединци се богатеа на грбот на овој напатен македонски народ. Ќе треба да докажат од каде Бентлито, од каде Мајбахот, од каде плантажите со марихуана и имоти во Грција. Треба да докажат и да покажат од каде го стекнаа сето тоа. Мора вистината да се дознае. Затоа во првите 6 месеци јас ви ветувам дека правда и право мора да има на целата територија на државата. Со целиот правен тим направивме програма за реформа во судството, заврши Мицкоски.