Љупчо Николовски ги излажа земјоделците во 2016 година. Ниту обезбеди загарантиран откуп, ниту отвори нови пазари на земјоделските производи, ниту создаде интервентен фонд кој ќе ги покрива штетите од непогодите или дизбалансот на цените на пазарот. Затоа избега од министерството за земјоделие и остана запомнат како најнеуспешниот министер за земјоделие.
Но Не ги излажа само земјоделците, туку ги лажеше сите. Ветуваше гасификација до крајот на мандатот, ветуваше 600 километри автопат, ветуваше двојно поголема плата на сите здравствени работници, 100 илјади денари плата на лекарите, минимална плата од 16 илјади денари, приходи во секое семејство од најмалку 1000 евра и редица други лаги кои сега ги надградил и пак се обидува да го прелаже народот. Но не му поминува, бидејќи граѓаните видоа дека не се способни да работат за народот, туку се способни само за криминал, корупција и рекет.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ