Пет јасни и директни пораки за македонските национални прашања, упати Александар Николоски од неговите средби со граѓани во рамки на кампањата за предвремените парламентарни избори:
- Не очекувајте од мене или од новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ да застане позади табла на кое го пишува новото име на нашата земја. Тоа нема да случи, јас ви гарантирам.
- Ветувам дека силно ќе се бориме за враќање на изгубеното, знаеме дека нема да биде лесно бидејќи што една будала може да расипе сто паметни не можат да го поправат, ама заедно со граѓаните ќе се обидеме да ја исправиме неправдата.
- Гоце Делчев бил, е и ќе остане Македонец. Една реченица, јасна, гласна и конкретна. Нема преговори, нема разговори.
- Јазикот на кој што јас говорам, вие говорите е македонски јазик. Бил, е и ќе остане македонски јазик. Ни за него нема преговори, нема разговори.
- Премиер може да биде секој. Ама не со наметнување на етнички услови. Идниот премиер се вика Христијан Мицкоски, по националност е Македонец, порача Николоски.
*ППР