Ќе го победам Зоран Заев во Изборната единица 4 заради тоа што ниту еден проект што го ветил не го исполнил, напротив цути зелената мафија, уништено е земјоделието, порача носителот на листа во ИЕ 4 од ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва во емисијата „Што не е јасно?“.

-Две години кругчиња прават камиони на патот Радовиш -Струмица, но никогаш не го направија, ништо не се промени, ќорава инвестиција нема во овој дел односно во ИЕ 4, вчера во неготинско ми кажаа дека власта кочи инвестиции. ВМРО ДПМНЕ кога ќе ја добие власта прво што ќе направи на првата седница е носење на закон за забрана на увоз на тутун, вели Николоски.

На прашањето зошто јавноста треба да верува дека ВМРО ДПМНЕ нема да се однесува како оваа власт Николоски вели:

-Одредени активности во струмичко, одредени структури од минатата гарнитура на ВМРО ДПМНЕ соработуваат таму сега со Заев. Но не сме исти, поткупот што оваа власт го правеше изминатиот период не е опасност, оти не можете да ги купите луѓето со еден пакет. Тие луѓе немаат редовни примања и сигурен живот , вели Николоски.

Ова е втора покана на национален медиум за соочување меѓу двајцата носители на листи на ИЕ 4 Заев и Николоски, на која лидерот на СДСМ не се појави.