Во првите 100 дена од враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе почувствуваат огромни бенефити во економијата, земјоделието и инфраструктурата. Ова при денешната посета на Делчево го порача носителот на листата за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев, кој рече дека освен трите главни приоритети, со 4 милиони евра, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 4 милиони евра како домашни и странски инвестиции.

– Како прв сет мерки на кои ќе биде фокусирана новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е инфраструктурата. Фокусот ќе биде ставен на завршувањето на експресниот пат Штип – Кочани, исто така Штип – Радовиш, експресниот пат кој ќе го поврзува Куманово и Крива Паланка до граничниот премин со бугарската граница. Што е можно побрзо ќе го започнеме и коридорот А, кој што за Малешевијата и делчевско е и тоа како битен. Во земјоделието ќе овозможиме 160 милиони евра годишно за субвенции, при што приоритет ќе биде навремената исплата, што ќе овозможи развој во понатамошното планирање на земјоделието. Во економијата предвидуваме зголемување на платите за 25 проценти и зголемување на пензиите за 20 проценти, но и намалување на невработеноста под 10 проценти во 4 годишниот мандат. Рамниот данок, 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции во следните 4 години, реиндустријализација на државата, се исто така меѓу нашите приротитети, истакна Јанушев.

Јанушев се осврна и на како што рече црната кампања која се води против него и партијата.

-Слободно нека продолжат така, во се она, за што не не обвинуваат, не видовме ни како 300 илјади евра се земаат, ниту како се договараат 2, 4 или 6 милиони евра провизии, нитуги видовме куферчињата Луј Витон, кои како што слушнавме од веќе обвинетитот во тој процес Бојан Јовановски директно завршуваат кај Зоран и Вице Заеви. Буквално во немоќ кога нема со што да се пофалат, го валкаат мојот углед. Јас до некаде ги разбирам бидејки ќе повторам одовде во Делчево, нема еден човек во државата кој ќе наброи еден проект кој СДСМ го почна.Такво нешто не постои. зошто…, бидејки станува збор за најнеспособната Влада во државата, чиј единствен инетерес е криминал, корупција, лаги и манипулации, додаде Јанушев.

Изрази надеж дека во Изборната единица 3 ќе има најголема излезност на изборите, бидејки како што рече на народот му е дојдено преку глава од целото понижување, од свитканата кичма и од урнисувањето на македонската држава.