Зошто Зоран Милески Кичевскиот е со задоволство виден гост на партиските софри, дали е во контакт со партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ? На овие прашања вечерва во емисијата „Што не е јасно?“ носителот на листата во ИЕ 4 Александар Николоски вели дека Милески не му е пријател, а средбата од „бомбата“ со претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски била само една.
-Релација со Кичевскиот нема , ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ, една средба била тоа, и сето се провокации од власта. Јас и тој сме од исти крај, познаници имам многу, но не ми се сите пријатели, не можам за него да кажам дека ми е пријател, вели Николоски.