Одговорајќи на новинарски прашања во изјава за медиумите, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и носител на изборната листа во ИЕ 4 во однос на изборните дуели вели дека претседателот на СДСМ Зоран Заев два пати бил уредно повикан да се појави со него на ТВ дебата, но два пати од истите избегал, односно не се појавил.

- Во однос на мојот дел со Зоран Заев имаше две уредни покани од две телевизии, ја отидов на двете но, Зоран Заев не дојде на ниедна. Знаете малку е дволично во едно друго време и во еден друг период СДСМ тогаш како опозиција критикуваше затоа што тогашните владини функционери не излегуваа на дебати, јас и тогаш критикував дека тоа не е добра пракса, па имам кредибилитет да зборувам ова, дури на еден од моите први јавни настапи како потпретседател на партијата, се имам извинето кон новинарите заради односот кој постоел претходно. Но мислам дека е дволично, пред четири години да зборувате дебати, дуели, а три години да бегате од истите. Се надевам дека Заев ќе се охрабри имаме уште 10 дена кампања да видат граѓаните, затоа што најлесен начин е да видат граѓаните е доколку се соочиме, истакна Николоски.