Откако денес, носителот на листата во изборната единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски повторно го повика Зоран Заев на ТВ дуел и откако на две уредни покани од националните телевизии Заев не прифатил телевизиско соочување со Николоски, водителот на емисијата „Јади бурек“ Јанко Илковски, преку својот фејсбук профил се понуди да биде домаќин на едно такво соочување и го повика Заев да ја прифати поканата.
- Зоран Заев, ако прифатиш дуел, повеќе од добредојден си во емисија кај мене да ја водите дебатата под ваши услови. Мој број имаш и контакт. Бидејки не сум воопшто во кампања и сум надвор од било чија агенда, ова ќе ви биде на потполно неутрален терен, пишува Илковски.