Оливер Спасовски гледаме дека овие три години знаел, а молчел за криминалот, корупцијата и рекетот кој се правел во Македонија. Тоа во најмала рака го прави соучесник и за тоа ќе треба да одговара.
Заради криминалот и корупцијата на власта на Заев Македонија тонеше во сиромаштија, дури некој се богател. Веќе е симптоматично што во секоја криминално корупциска шема во државата се спомнуваат Вице и Зоран Заеви., почнувајќи од сведоштвото на Бојан Јовановски кој тврди дека рекетираните пари треба да се бараат кај Заеви, преку контроверзниот про-руски бизнисмен
Дака Давидовиќ кој дал 300 илјади евра, па до последниот случај на давање зелено светло за палење возила и правење рекет над политичките неистомисленици на СДСМ и Заев.
Ако на ова се додаде и фактот дека во 2016 година ги лажеа граѓаните , а ништо не исполнија тогаш е јасно дека Заев, Спасовски и СДСМ катастрофално ќе изгубат на следните избори. Обновата на Македонија ќе значи одговорност на криминалната власт на Заев, но и раст на пензиите за 20%, раст на платите за 25%, 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 сериозни инвестиции во првите 100 дена, најмалку 4% раст на БДП секоја година, 20.000 евра грант за набавка на механизација за младите земјоделци, 0% персонален данок за вработување на млади до 29 години, намалување на невработеноста под 10% и уште многу други конкретни проекти.
СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ