Љупчо Николовски е во очај. Граѓаните видоа дека тоа што го ветуваше во 2016 година не успеа да го реализира, па затоа не им веруваат веќе ниту неми, ниту на Заев, ниту на СДСМ за новите лаги кои пак ги кажуваат.

Но народот виде и дека Власта на СДСМ и Заев била посветена на криминал, корупција и рекет, кој не само што бил штитен од власта, туку сите овие три дини не бил ниту правно процесуиран иако бил очигледен за целата јавност. Криминалците и рекетарите Љупчо Николовски треба да ги бара во врвот на својата партија, затоа што пости сведоштво дека сите рекетирани пари завршиле кај Заеви, а и друго сведоштво дека со закани и насилство се пресметувале со политичките неистомисленици со класични мафијашки методи. Народот виде дека мафијата е во СДСМ.

Дополнително, Љупчо Николовски ако сака да види реална понуда за избори треба да ја прочита Обновата. Обновата на Македонија ќе значи не само одговорност на криминалната власт на Заев, туку и напредок и благосостојба за народот. Во обновата се предвидува раст на пензиите за 20%, раст на платите за 25%, 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 сериозни инвестиции во првите 100 дена, најмалку 4% раст на БДП секоја година, 20.000 евра грант за набавка на механизација за младите земјоделци, 0% персонален данок за вработување на млади до 29 години, намалување на невработеноста под 10% и уште многу други конкретни проекти.

СДСМ, Љупчо Николовски и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ