На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се шест пациенти, а вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.