На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека власта во мај месец се фалеше дека ја победиле пандемијата, а само вчера имаме 100-тина новозаразени.
-Власта на крајот од месец мај прогласи победа на пандемијата, а сега во месец јули, само вчера имаше повеќе од 100 новозаразени и неколкумина починати, потсети Мицкоски.
Тој вели дека пред само една недела го имавме рекордот на луѓе коишто се починати, а тоа се 15 починати.
-Предвидуваа 2.000 заболени, ние имаме повеќе од 7.000 и повеќе од 380 луѓе кои го загубија својот живот. Пред овие бројки и вистината молчи, критикуваше Мицкоски.