Целосна дигитализација на македонското општество е еден од најбитните проекти кој што ќе го одбележи мандатот на ВМРО-ДПМНЕ 2020-2024, истакна Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 4 Александар Николоски.

Со тоа ќе овозможиме неколку работи:

1. Силен удар на корупцијата бидејќи услугите ќе бидат целосно дигитализирани и ќе биде тргнат човечкиот фактор

2. Комплетна дигитализација на основното и средното образование

3. Воспоставување на стрикни и јасни процедури за дигитализација на судството

4. Олеснување на секојдневното функционирање на граѓаните особено на младите кои работат во ИТ секторот

Ќе ја обновиме Македонија!

#ОдбериОбнова