Одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Али Ахмети за неговиот став дека ДУИ ќе оди во опозиција ја кажал под дејство на алкохол, Претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека никогаш во животот не бил во алкохолизирана состојба.

-Ако некој не пие алкохол Зоран Заев е тоа, промаши човекот комплетно. Зоран Заев може да наздрави со македонско вино, да наздрави со домашна ракија, ама под дејство на алкохол, не сум бил никогаш пијан во животот. Можам да дружам, да седам со луѓе во ресторан, секаде каде што се прави муабет, ама не под дејство на алкохол, ја промашил мојот коалициски досегашен партнер, господинот Ахмети оваа работа, вели Заев.а