Срамно е што Зоран Заев пред секои избори им ветува на стечајците и после ги разочарува.

Зоран Заев и СДСМ не направија ништо со цел отворање на нови работни места, и зголемување на платите. Три години Македонија стагнира.

Стечајните работници, се стечајци токму заради СДСМ.

Партијата на Заев ги остави стечајците на улица, а фабриките ги затвори и распродаде.

200.000 работници останаа без работа токму заради СДСМ и над 600 фабрики се затворија.

Македонија е опустошена секогаш кога СДСМ доаѓа на власт.

Резултатот од овие три години власт е:

1. Распродадени национални интереси; 2. Рекетирани бизнисмени, со милиони евра, пари кои завршија кај Зоран и Вице Заев; 3. Запалени автомобили на лица, за кои Вице и Рашо дале зелено светло; 4. Тендери за кои картони дели Трајче Заев; 5. Инвестиции кои ги рекетира и брка Ден Дончев; 6. Нефункционално здравство, каде пари се трошат за крвави тендери наместо за подобрување на услугите и покачување на платите на лекарите; 7. Корумпирано обвинителство, кое наместо работи според закон се занимава со криминал; 8. Неспособен градоначалник на град Скопје кој дава над пола милион евра за трева на плоштад;

Македонија само ниже порази со СДСМ.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ