Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на својот фејсбук профил ја искоментира поддршката која СДСМ и Зоран Заев ја добија од екс премиерот на Грција Алексис Ципрас во пресрерт на парламентарните избори велејќи дека него му личи дека Ципрас се зеза и со СДСМ и со сите нас.

- Со овие стихови од Блаже Конески, Ципрас го поддржа СДСМ:

“Уште рика истата мака во мене

дека сум роден во смачкано племе

сејач на глуво семе”

Само мене ми стои дека човекот се зеза и со СДСМ и со сите нас?

Зошто баш овие стихови?

Кое е смачканото племе?

Кој е сејач на глуво семе?

П.С. Грција е сериозна држава кога станува збор за своите национални интереси.

П.П.С. Блаже Конески има прекрасна поезија, но овие стихови не се случајно избрани.

П.П.П.С. Да се гордееш на оваа поддршка и да не разбереш што носи пораката значи дека треба да си или анационален или дека не разбираш да читаш., коментира Димовски.