Државната изборна комисија на денешната седница го отфрли приговорот на Никола Димитров, носител на кандидатска листа во ИЕ 1 на СДСМ поднесен за попречување на изборна кампања за портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилкоски, со барање тој да биде парично казнет за тоа, како што предидува законот и тоа меѓу шест и две илјади евра. ДИК, како што нагласи, Постолоска е ненадлежна за ова и упати Димитров приговорот да го поднесе до Основниот суд.

На 9 јули истекува рокот на за пријавување на набљудувачи на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Барања за акредитирање домашни и странски набљудувачи до ДИК пристигнуваат секојдневно. Денеска има уште три нови. ДИК досега акредитирала набљудувачи од Амбасадата на Унгарија (10), Асошиејтед Прес (2), од Здружението за Национален Ромски Центар (38), од Амбасадата на Австрија (3), од Ал Џезира (1) , од Амбасадата на Швајцарија (3) и од Здружението Анкциоз 2017 година (796) набљудувачи.

До денеска беа акредитирани 1.183 домашни набљудували, од кои МОСТ има 905 и Цивил 278. Вкупната бројка на меѓународните набудувачи е 110, меѓу кои има и од ​​Канадската амбасада во Белград, од ОБСЕ/ОДИХР, и амбасадите на Франција, Албанија, Холандија и на САД.