На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.