Институтот "Habeas Corpus" кој разработува прашања од правниот и политички систем направи анкета на јавното мислење врз стратификуван примерок од 1 203 испитаници во периодот од 29 јуни до 03 јули 2020 година.

При истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски со употреба на фиксната и мобилна телефонија. Резултатите се со можност за грешка +-2. А нарачател на истата е Институтот "Habeas Corpus" и истите се користат за потребите на интерните истражувања од политичка и социолошка природа.

СДСМ-БЕСА 16.8%

ВМРО-ДПМНЕ 20.8%

ДУИ 4.9%

Алијанса на Албанците 2.7%

Друга 0,9%

Не знам-немам одговор 13.9%

Не сака да каже 17.8%

Ниту една 22.2%