Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај!, вели носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски.

Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа, реагира Николоски.

На Заев му порача дека го чека голем пораз и во четворката и во цела Македонија.

А потоа одговорност. Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш – дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?, прашува Николоски.