Прирачник со информации за изборниот систем и кандидатите за претстојните парламентарни избори во Република Македонија 2020 година претставија Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер од Скопје.
Прирачникот дава преглед за парламентарните избори 2020 година, како и за историјата на парламентарните избори во земјата, изборниот систем и информации за кандидатите.
Ваква публикација Институтот за демократија и Фондацијата Конрад Аденауер изработуваат секоја изборна година, традиционално од 2013 година.
По завршувањето на изборите, од ИДСЦС најавуваат второ, финално, издание на прирачникот во кое ќе бидат вклучени резултатите и информациите за кампањата и изборниот процес.