Оливер Спасовски и СДСМ три години ништо не реализираа од лагите кои им ги ветуваа на граѓаните.
Сега се обидуваат со изјава пак да ги манипулираат, но не им поминува.
Народот виде каде завршија парите во овие три години. Наместо во капитални инвестиции народните пари ги изеде криминалот и корупцијата на власта на Заев и Спасовски.
Затоа нема ништо од 600 километри автопат, затоа нема речиси ништо од ветените водоводи и канализации, затоа нема просечна плата од 500 евра и просечен раст на економијата од 5%. Затоа нема нови болници, училишта, детски градинки.
Во Македонија овие три години царуваше гол криминал и рекет, кој Оливер Спасовски го заштитуваше.
Обновата на Македонија ќе стави крај на поразите и неуспесите на оваа власт на Спасовски и Заев. Народот ја препознава понудата во 1000 содржани реални и остварливи проекти меѓу кои и проектот со кој се предвидува во мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ да се обезбедат 100 милиони евра за финансиска поддршка на сите општини кои ќе преземат конкретни мерки за проектирање и изведба на водоводни, фекални и атмосферски канализациски системи.
СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ