Вкупно 384 болни и изнемоштени лица од Крива Паланка се пријавиле за остварување на своето избирачко право за претстојните парламентарни избори.
За гласање се регистрирани и пет лица позитивни на вирусот Ковид-19.
-Општинската изборна комисија ги направи сите подготовки за престстојнито изборен циклус согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Извршена е дезинфекција и на просториите каде е сместена ОИК, како и на сите избирачки места , а направена е целокупната припрема и за самиот изборен ден, само се очекува превземањето на избирачкиот материјал утре, изјави Душко Арсовски претседател на ОИК, Крива Паланка.
Претседатеот на ОИК, Општина Ранковце, Даниел Крстевски, информира дека 74 болни изнемоштени лица од општината се пријавиле за гласање.
Во понеделник ќе гласаат членовите од посебната медицинска комисија, додека во вторник гласаат затворениците и изнемоштените-болни лица. Во среда, 15 јули, изборниот ден ќе трае од седум до дваесет и еден часот.