Директорот на Неврологија, Иван Барбов, преку својот фејсбук профил ја информираше јавноста дека е позитивен на Ковид-19.
- Денес го добил резултатот за „САРС-КоВ-2“, кој се покажа како позитивен. Вчера се тестирав заради контакт со неколку пациенти кои испаднаа позитивни, иако и тие и јас бевме со заштитна опрема. Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација. Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти. Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории – информира Барбов на „Фејсбук“.