Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4. Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777, бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 3716, активни 1871 • Куманово 831, активни 164 • Дебар 137, активни 76 • Штип 421, активни 161 • Прилеп 291, активни 59 • Тетово 844, активни 324 • Струга 300, активни 147 • Велес 201, активни 38 • Битола 68, активни 27 • Охрид 219, активни 133 • Кавадарци 23, активни 15 • Гостивар 211, активни 128 • Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 19, активни 11 • Крива Паланка 18, активни 8 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 9, активни 5 • Кочани 76, активни 16 • Пробиштип 32, активни 20 • Демир Хисар 5, активни 4 • Македонски Брод 8, активни 6 • Пехчево 6, активни 2 • Берово 4, активни 1 • Валандово 6, активни 0 • Виница 4, активни 1 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 5, активни 2 • Свети Николе 88, активни 81 • Кичево 65, активни 56 • Ресен 132, активни 87 • Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1728 теста се преку: ИЈЗ-775, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-208, Биотек-161, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори) -233, Систина со PCR метода -131, Судска медицина -21, ЦЈЗ Битола-44. Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 323 • Аеродром - 162 • Бутел - 146 • Гази Баба - 200 • Центар – 146 • Карпош – 147 • Сарај – 128 • Кисела Вода – 108 • Ѓорче Петров – 107 • Студеничани – 116 • Шуто Оризари – 86 • Арачиново – 45 • Илинден – 31 • Петровец – 17 • Чучер Сандево – 16 • Сопиште – 8 • Зелениково- 13 • Странец – 5 • Нераспределен- 67