Во општините Дебар и Центар Жупа на 15 јули на вонредните парламентарни избори своето право на глас треба да го искористат 25.825 полнолетни граѓани.
Споредено со последните претседателски и вонредни избори за градоначалник одржани минатата година, во Единствениот избирачки список запишани се 298 лица повеќе. Од нив 190 се во општина Дебар, а останатите 108 во општина Центар Жупа.
-Во општина Дебар, каде што ќе се гласа на 27 избирачки места, во Единствениот избирачки список запишани се 18.764 граѓани со право на глас. В понеделник,13 јули, ќе гласаат 15 болни со Ковид-9 и лица во самозолација, додека следниот ден ќе гласаат 29 болни и немоќни лица, изјави Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.
Во соседната општина Центар Жупа ќе се гласа на 16 избирачки места.
-Во Единствениот избирачки список за нашата општина запшани се 7061 граѓанин со право на глас. Кај нас нема пријавени лица за гласање в понеделник, додека во вторник ќе гласаат четири болни и немоќни лица, изјави Еран Зубер, претседател на ОИК во Центар Жупа.
Двајцата додаваат дека едукацијата за членовите на избирачките места успешно и навреме е завршена и оти во тек е дезинфекција на просториите каде што ќе бидат сместени избирачките одбори.