Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција упати повик на 15. јули граѓаните да излезат на гласање на предвремените парламентарни избори во мирна,чесна, фер и демократска атмосфера.

– Ги повикувам да излезат на гласање и да го дадат својот глас на тие за кои сметаат дека ја заслужуваат нивната доверба,повика Коцевски.

Тој воедно ги повика организаторите на предизборните кампањи политичките партии кои имаат свои кандидатски листи да ги почитуваат законските обврски и да го почитуваат изборниот молк.

-Посакувам изборите да поминат во фер и демократска атмосфера, затоа што тоа е многу важно за иднината на целата земја.Уверен сум дека Општинската Изборна Комисија успешно ќе ги спроведе изборите, ние како Општина сме подготвени да ги ставиме на располагање сите средства кои им се неопходно потребни,појасни Коцевски.

Тој информира дека МВР се обратило до Општина Велес да им помогнат во обезбедување автомобили за да можат полесно да го следат изборниот процес.