Се сретнав со еко активисти од НВО Ековита од Неготино. Екологијата е еден од главните приоритети на нашата програма. Еден од проектите кои се значајни за подобрување на животната средина е проектот за гасификација на Македонија, информираше Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
- Нашата стратегија е за целосна гасификација на Македонија, достапност на природен гас до сите домаќинства, предвидуваме бесплатен приклучок за домаќинствата, индустријата, малите и средни претпријатија, образовните и социјални институции и здравствените установи и со овој капитален проект ќе се намали загадувањето во Македонија, додаде Николоски.