ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ја обнови Македонија

Потребна ни е економска обнова, таа ќе дојде со 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 големи компании ќе дојдат уште во првите 100 дена. Со тоа ќе придонесеме кон намалување на невработеноста под 10%

Ќе го помогнеме и домашниот бизнис. Предвидуваме 8% даночна стапка, за персонален данок на доход и данок на добивка. Се обврзуваме и за намалување на ДДВ за угостителски услуги од 18% и 10%.

Инфраструктурата целосно ќе ја реобновиме и ќе реконструираме 1000 километри патишта. На тоа поле планираме и 150 километри експресни патишта.

Се обврзуваме да ја изградиме и пругата кон Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова на Македонија.

По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо!

Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ