На youtube каналот „Da se slusne vistinata“ се појави нова аудио бомба на која може да се препознае гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.
Од соддржината на самото аудио се дознава за комбинаторики и шеми кои биле правени за да паднат судски случаи, со кој беа опфатени повеќе луѓе од поранешната власт. Филмовите се правени за да нема притвори, вели Заев.
Паѓа Tалир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, но тој е ризикот, вели Заев мислејќи на случаите за кои СЈО покрена истраги.
Понатаму во еден момент вика дека позадинскаата игра била правена со знаење на Оливер, Радмила, Катица… и дека тие за се’ биле информирани.
Она знае што треба да прави, најверојатно мислејќи на Катица Јанева.
За да се случат измените на Уставот кои треба да поминат во Парламентот, Заев вели „доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, се’ знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со се’. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не, важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот, тоа е, сум го кажувал тоа“, вели Заев.
Заев во аудио бомбите вели и дек ќе биде цел на силна критика од граѓанските организации за правдата која нема да ја испорача.
Аудио бомбата може да се слушне на следниов линк.