Мојот против кандидат е човекот кој што бараше евро за брат му ама не едно, туку помножено по 200.000 и кажа уште кој се друг платил во штедилницата кај брат му. Мојот против кандидат е човек чие што најтесно семејство вози автомобил кои вие ниту во живот, а ниту јас сме виделе и кои што чинат повеќе од вкупната заработка на сите вас за 5 години заедно, вели Александар Николоски носител на листата во изборната единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

- Мојот против кандидат е човек кој што краде каде што ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што лаже каде ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што поставува директори на јавни институции кои што пари ставаат во торба. Мојот против кандидат е човек кој што организираше рекет во Република Македонија и е на врвот на пирамидата, „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава и кој што организираше многу бизнисмени да бидат изрекетирани во вредност од преку 20 милиони евра. Мојот против кандидат е човек кој што ги искористува луѓето и ги пушта низ вода и ситните риби ги тера да одговараат за него, за тој да може да биде заштити. Мојот против кандидат е човек кој што го промени името на оваа држава, што воведе двојазичност и што тргува со историјата, додава Николоски.