Градот не е толку попознат и популарен како Амстердам, но многумина го сметаат за поубав и вреди да се посети.

Делфт е еден од најубавите градови во Холандија и е исто така град чија убавина не е уништена од туристите кои се во голем број. Сместен е помеѓу Хаг и Ротердам, а целиот град е испреплетен со канали кои туристите ги обожаваат. Во градот доминираат липите и куќите со црвена цигла, а повеќето датираат од 17 и 18 век.

Делфт доживеа голема економска и уметничка експанзија во 17 век, а секојдневниот живот и атмосферата на градот најдобро ја има забележано сликарот Питер де Хох. Тој често ги сликал секојдневните активности на обичните луѓе, честопати жените, кои своето време го поминуваат во нивните дворови, кујни и дневни соби, како и неговиот колега Јоханес Вермер, кој припаѓа на златното доба на холандското сликарство.

За да го запознаете градот, посетете ја Старата црква од 13 век, на која е додадена камбанарија. Сликарот Вермер е погребан токму тука. Целиот стар град е прекрасен, особено каналите кои што со векови ги транспортираат жителите на градот, а денес и љубопитните туристи.

Стариот канал е најстариот канал кој ископан по основањето на градот и води кон градскиот центар Маркт, голем плоштад во кој доминираат градското собрание од 1618 година, камбанаријата на Новата црква и семејната гробница на кралското семејство.

Во Делфт, како и во повеќето градови во Холандија, треба да ги посетите музеите затоа што дел од најголемите уметници во светот беа Холанѓаните. Во музејот Принсенхоф се наоѓаат дела на споменатиот сликар Питер де Хох, пишува британски Телеграф.

Градот отсекогаш бил познат по својата квалитетна керамика, која и ден денес рачно се слика во Кралската фабрика. Целиот процес на производство можете да го видите овде, а можете да посетите и музеј на значајни дела и да одберете дизајн за вашиот сувенир.

Ако останете во Делфт неколку дена, искористете ја можноста да се однесувате како Холанѓаните. Изнајмете велосипед и посетете ги Хаг или Ротердам, кои се оддалечени 12 или 16 километри од Делфт.

Холандија е позната по своите ветерници, а во последната која е опстоила во овој град има и музеј.


Администратор
12/07/2020 03:30