На вториот ден од предвремените парламентрани избори, денеска до 15 часот гласале 7.170 лица. Не биле пронајдени во обид за гласање или не сакале да гласаат 273 лица.

Во домовите за стари лица од 357 пријавени за гласање, гласале 231. Три лица не гласале.

Во казнено-поправните установи до 15.30 часот од 1.657 запишани избирачи гласале 808.

Од лицата кои се пријавиле за гласање во домашен притвор, досега гласале седум лица.

Нема информација од запишаните шест раселени лица колку гласале.

Ова попладнево го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски на продолжението на 77 седница.


Администратор
14/07/2020 19:10