На предвремените парламентарни избори денеска до 13 часот во Охрид на гласање излегле 28,27 отсто од лицата со право на глас.

Излезноста до 13 часот во Општина Дебрца изнесува 25,57 проценти, а во Струга 16,61 отсто.

Според информациите од ОИК на трите општини, гласањето се одвива непречено, без какви било направилности во фер и демократска атмосфера.