Сите 47 избирачки места во Крива Паланка и 13-те во Ранковце се затворени навреме, точно во 21 часот, со што официјално заврши гласањето за предвремените парламентарни избори во државата.

Во Крива Паланка, според информациите од ОИК, до 20 часот и 30 минути гласале 12.285 граѓани или 72,32 отсто од вкупниот број граѓани регистрирани во Единствениот избирачки список кој изнесува 16.986.

И во општина Ранковце заврши гласањето, а до 20 часот и 30 минути гласале 67,08 од регистрираните гласачи, или 2.019 од вкупно 3.010.