Комисијата што одлучуваше кои невладини организации треба да добијат државни пари пред изборите, само протрча преку нашите апликации без соодветно да не оцени - реагираат 55 граѓански здруженија кои се здружија против, како што велат спорната и скандалозна распределбата на државни пари за проекти поврзани со Ковид 19. Дел од избраните парите ги добија во ек на кампања.

-Зошто наши членови кои што се избрани во Советот да оценуваат наши колеги од граѓанскиот сектор. Ги става во неповолна позиција оние организации кои се и членки на Советот да бидат наградени со пари. Тоа е чист конфликт на интереси. Второ има организации кои што основниот услов не го исполниле, да бидат две години регистрирани. И трето, како може некој човек за 3,48 минути да симне, прочита и евалуира, односно оцени еден проект. Тоа се трите прашања, кога ќе одговорат чесно ќе им поверуваме- вели Душко Христов од здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ за Алфа.

Инаку, Управниот суд пред три дена пресече – одлуката за финансиска поддршка била донесена во време на вонредна состојба, а тоа дека исплатата се случила во ек на кампања според судите било ирелевантно. Сепак, антикорупционерите, кои претходно отворија случај немаат намера да престанат да чешлаат: дали сите добитници ги исполниле условите.

Според антикорупциска комисија, на листата на оние кои добиле субвенции има и такви кои работеле прилично профитабилно, па останува нејасно зошто воопшто добиле помош.