Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во:Скопје-60, Куманово-13, Дебар-5, Штип-16, Прилеп-3, Тетово-7, Струга-1, Велес-3, Битола-5, Охрид-1, Гостивар-11, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од: Скопје-53, Дебар-3, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-7, Велес-5, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-11, Струмица-1, Крушево-1, Кичево-3, Ресен-9.

Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (48, 78 и 57г), двајца од Куманово (92 и 75г), по еден пациент од Штип (80г) и Струга (79г) и двајца од Гостивар (55 и 74г). Од нив 7 пациенти се починати во болница, двајца вон болнички услови, потврдени позитивни вчера и денес.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4569, активни 1920 • Куманово 966, активни 269 • Дебар 185, активни 117 • Штип 718, активни 372 • Прилеп 321, активни 51 • Тетово 983, активни 284 • Струга 402, активни 193 • Велес 212, активни 21 • Битола 109, активни 55 • Охрид 259, активни 108 • Кавадарци 33, активни 16 • Гостивар 357, активни 218 • Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци) • Струмица 31, активни 20 • Крива Паланка 22, активни 8 • Радовиш 27, активни 22 • Крушево 15, активни 9 • Кочани 93, активни 23 • Пробиштип 47, активни 28 • Демир Хисар 22, активни 20 • Македонски Брод 10, активни 6 • Пехчево 6, активни 0 • Берово 4, активни 1 • Валандово 6, активни 0 • Виница 5, активни 1 • Делчево 2, активни 1 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица) • Кратово 12, активни 7 • Свети Николе 215, активни 200 • Кичево 118, активни 91 • Ресен 143, активни 45 • Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1542 теста се преку: ИЈЗ-579, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена-142, Биотек-135, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-268, Систина со PCR метода -171, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-6, ГАК-26. Досега во земјата се направени вкупно 94092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и една мајка и едно дете суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 99 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 42, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 269 • Аеродром - 213 • Бутел - 141 • Гази Баба - 197 • Центар – 157 • Карпош – 171 • Сарај – 111 • Кисела Вода – 178 • Ѓорче Петров – 129 • Студеничани – 101 • Шуто Оризари – 120 • Арачиново – 34 • Илинден – 24 • Петровец – 22 • Чучер Сандево – 11 • Сопиште – 21 • Зелениково- 10 • Странец – 7 • Нераспределен- 4