Инспекција од општина Центар заедно со полиција ги стопираше градежните работи на објектот кај поранешниот хотел ТЦЦ Плаза.

Сопственикот на земјиштето е поранешниот министер за финансии Борис Стојменов, кој тврди дека ја има потребната документација за градба.

„Ние имаме одобрение од 2016 година, ни правеа проблеми имаме судска пресуда каде е докажано дека е во ред да се гради од Управен Суд. И сега тука упаѓаат надвор од закон надвор од се. Ова само го има во Македонија. Полиција да се меша во градење, тоа е нонсенс“, истакна Борис Стојменов.

Стојменов ја обвини општина Центар дека бара мито за да продолжат со градење.

„Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито не им давам мито. Кој? Општината Центар. Милион евра бараат за да не пуштат да работиме“, додаде Борис Стојменов.

Од друга страна, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ вели дека општината веќе неколку пати ги предупредила дека се гради без соодветна дозвола.

„Влегуваат и работат без одобрение. Ние како инспекција на општина Центар мора да реагираме на терен доколку има такви бесправни работења“, посочи Саша Богдановиќ.

Целиот текст може да се прочита на tv21.tv