Претседателот на Алијансата за Албанците и предводник на коалицијата АА-ААА, Зијадин Села, денеска експресно ја отфрли т.н. албанската платформа која ја предложи Бујар Османи како основа за разговори меѓу албанските партии.
Села, во ист стил, преку пет столба по втор пат му мавна „корпа“ на Али Ахмети откако во првиот обид одбија да седнат на зелена маса со ДУИ:
1. ДУИ продолжува да биде најразединувачкиот политички субјект до денес. Експонентите на ДУИ, нашите 12 пратеници од Коалиција меѓу Алијансата и Алтернатива, ги претставуваат како 8 + 4.
2. Не се фаќај за рака со Лубе Бошковски за да добиеш глас повеќе и да се повикуваш на легитимноста на Албанците.
3. Не кради гласови и не ја купувај слободната волја на Албанците, за утре да се повикуваш на некредибилен легитимитет.
4. Не ги лажи Албанците, со столбови и со билети, туку исполни го вашето единствено ветување, ветувањето за премиер Албанец, за кое баравте гласови од Албанците.
5. За петтиот столб ја прашуваме ДУИ: Каде бевте вие кога беа направени уставните измени?
„На Албанците не им требаат вашите столбови, чувајте ги за себе, како и вашите ветувања до граѓаните што ги напуштате веднаш штом ќе завршат изборите, велат од Алијансата за Албанците.